ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Министерот на СДСМ во МВР, Бојмацалиев - нема коментар за апсењето на новиарот Салиу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mitko-bojmacaliev-2

Дополнителниот заменик-министер во МВР од СДСМ, Митко Бојмацалиев, нема коментар за апсењето на новинарот Фуркан Салиу. На прашањата дали постапувањето на полициските службеници е во рамки на законите, а откако СДСМ обвини дека се постапувало по политички наредби – Бојмацалиев кажа дека не знае никакви детали.

— реклама —

„Детали немам, не можам ништо да коментирам“, вели Бојмацалиев.

На забелешката како е можно да не знае детали кога јавноста е преплавена со информации, а Министерството со кое раководи има издадено и соопштение – тој не одговори ништо.

— реклама —

Истовремено, за СДСМ апсењето на новинарот е недемократски чин.

„СДСМ го осудува овој недемократски чин и бара негово ослободување веднаш“, кажа пратеникот Дарко Каевски.

Со став излезе и МВР кои го обвинија Салиу дека нападнал полицаец од ЕБР.

„Приведени лица за напад на полициски службеници денеска ( 07.04.2024) околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК “БВК Коњаре” и ФК “Куманово”, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи, велат од МВР за 4NEWS”, велат од МВР и додаваат: Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат. За време на интервенцијата, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С.(33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од с. Арачиново, додека С.Б. (40) од с. Арачиново е приведен за учество во тепачка. Дополнително, околу 18 часот, при преглед на патничко возило “дачија дастер”, сопственост на Ф.С., а управувано од Ф.А.(34) од с. Кондово со сопатник А.Р. (21) од с. Кондово, во багажникот е пронајден пиштол“, велат од МВР.

Новинарот Фуркан Салиу, бара полицијата да докаже дека тој нападнал полицаец и како е отворено неговото возило, со оглед дека тој не бил присутен, како што тврди. Салиу тврди дека отишол на трибините на натпреварот, оти знаел дека ќе има нереди.

„Поради вашата поддршка бев ослободен, но во некоја различна ситуација немаше да бидам. Без никаков доказ. Нека докажат дека сум нападнал полицаец, јас утре ќе се повлечам, не ме гледате на екран. Нека докажат. Информиран сум сега дека мојот пиштол е најден во багажот, расклопен целосно, а најден е без мое присуство, во обид да избришат снимки“, велат Салиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања