Промени тема
Контакт

Министерот Спасовски на завршната конференција на проектот за согласување на националните системи за гранично управување со барањата на ЕУ и Шенген

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
08-3

Денеска министерот Оливер Спасовски со дел од раководството на Министерството за внатрешни работи учествуваше на Завршната конференција на твининг проектот финансиран од ЕУ - “Усогласување на националните системи за гранично управување со барањата на ЕУ и Шенген”, на која учествуваа и амбасадорот на Словачката Република

Н.Е. Хенрик Маркуш , шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ Стефан Худолин, како и претставници од МВР Словачка и Словенија и Лидерите на проектот.

— реклама —

Денешниот настан беше заокружување на скоро тригодишните проектни активности во рамки на кои експерти од Република Словачка и Република Словенија заедно со припадниците од Одделот за гранични работи и миграции при МВР работеа на усогласување на националниот систем со ЕУ и Шенген стандардите во областа на интегрираното гранично управување, а согласно целите на ЕУ насочени кон националните стратегии за пристапување. Твининг проект е финансиран од Европската Унија со вкупна вредност од еден милион евра, чии што примарни цели, покрај другото, беа: изготвување Патоказ за усвојување на законодавство поврзано со Шенген, односно надградба на законодавството во делот на интегрирано гранично управување и изготвување на Шенген акциски план и предлог нова национална стратегија за ИГУ, усогласена со стандардите на ЕУ и Шенген, но и зајакнување на административни и технички капацитети во областа на интегрирано гранично управување на повеќе оперативни нивоа.

— реклама —

На конференцијата министерот Спасовски, меѓу другото рече “За нас од исклучителна важност беше што во рамките на твининг проектот ,,Усогласување на националните системи со ЕУ и Шенген барањата во областа на граничното управување“ една од главните активности беше подготовка на национална стратегија за интегрирано гранично управување на Република Северна Македонија, која е изготвена согласно Европскиот концепт за Интегрирано гранично управување. Министерството за внатрешни работи покажа подготвеност и професионалност во справувањето со глобалните закани и предизвици во услови на пандемија како и успешно справување со мигрантските предизвици кои остануваат еден од приоритетите во граничното работење и тоа преку спречување на илегалните минувања, сузбивање на криумчарењето на мигранти и други облици на криминал. Република Северна Македонија во целост го разбира и поддржува концептот на ЕУ во кој солидарноста и поделбата на одговорноста се во основата на ефикасното гранично управување“- истакна министерот Спасовски.

— реклама —

Шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ Стефан Худолин потенцира дека ефикасното и координирано управување со надворешните граници е од клучно значење за воспоставување доверба и постигнување на целта за отворени, добро контролирани и безбедни граници. „Сите ние мора да работиме заедно за да постигнеме целосно ефективно европско интегрирано гранично управување во пракса, обединувајќи ги сите релевантни чинители и на европско и на национално ниво“, рече Худолин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања