„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Министерот Хоџа: Како родител не можам да им објаснам на моите деца каква гордост се промовира на парадата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-06-26-at-13.24.02

Првиот човек на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа од редовите на Движењето Беса не ја поддржа денешната Парада на гордоста. Тој својот став јасно го напиша на социјалната мрежа фејсбук.

— реклама —

„Начинот на живот е многу индивидуален и секој има право да живее како што сака. Тоа е демократија. Но, семејните вредности се над сѐ. Тие се основа за градење на здрава иднина. Како родител јас не можам да најдам аргументи да им објаснам на моите три деца каква гордост се промовира на парадата што се најавува. Ја почитувам слободата, како што ги почитувам и различните мислења за одредени теми, но за мене како јавна личност и како политички претставник на Движењето БЕСА во Владата сметам дека институцијата семејство и моралните и традиционалните вредности за она што претставува семејство се нешто свето“, напиша Хоџа на својот профил на Фејсбук.

— реклама —

— реклама —

Денеска за правата на ЛГБТИ заедница маршираа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерската за образование Мила Царовска, министрката за труд и социјалан Јагода Шахпаска. На Парадата на гордоста  беа и претседателот Стево Пендаровски со сопругата, како и пратенички, политиколози и граѓански активисти како и амбасадори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања