Во врска со гласините за разрешувањето на министерот за екологија Садула Дураку, тој за ТВ21 рече дека за тоа одлучува само Али Ахмети.
„Ние како ДУИ сме коалициски партнер со СДСМ, и ние не сме во заеднички чадор со СДСМ. Имаме наше раководство и лидер на партијата, Али Ахмети. Тој заедно со централното претседателство и генералното претседателство одлучува за сопствениот кадар. Никогаш ДУИ не дозволил некој да се меша во внатрешните работи на ДУИ, но и коректно е дека ние не сме се мешале во другите партии “, рече Садула Дураку, министер и потпретседател на ДУИ, преку телефонска врска за Тв21.