Промени тема
Контакт

Министерот за култура се правда: Повторно ќе ги разгледаме одбиените проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Asaf-Ademi-izjava-2-1080x615

Министерот за култура Асаф Адеми денеска во Берлин, во врска со реакциите на јавноста за резултатите од Годишните конкурси на Министерството за култура, пред медиумите ја даде следната изјава:

-Со должно внимание ги проследив сите забелешки и коментари кои се однесуваат на објавените резултати од Годишните конкурси на Министерството за култура. Големиот одзив кон објавените резултати покажува дека сме на линија со нашите заложби транспарентно и отчетно, без никакви предрасуди да донесеме Програма која ќе го поттикме развојот на културата во државата.

— реклама —

Како човек и како министер за култура длабоко ги респектирам авторите, уметниците, институциите и сите оние кои делуваат во областа на културата и нема да дозволам овие резултати по Годишните конкурси да остават чувство на горчина и незадоволство кај луѓето од културата.

— реклама —

Би сакал да ја информирам јавноста дека сите одлуки за одбиени апликации ќе бидат поништени и повторно разгледани и доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти ќе биде дополнета. Со цел поголема транспарентност на целиот процес ќе бидат поканети и претставниците на медиумите. Воедно ги поканувам сите засегнати апликанти кои имаат потреба, да се обратат во Министерството за култура за информации поврзани со нивните проекти. Наша цел е да ги стимулираме и соодветно да го вреднуваме придонесот на уметниците, институциите од културата, независниот културен сектор, и во таа смисла остануваме силно посветени на оваа наша определба, рече Адеми.

— реклама —

За време на својот престој во Берлин министерот Адеми ќе оствари повеќе работни средби, а ќе присуствува и на утрешната премиера на новиот македонски филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска кој е во главна селекција на Берлинскиот филмски фестивал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања