Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Министерот за правда Филков се сретна со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

IMG_1155

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски и со заменик директорот, Илир Исени.

— реклама —

На средбата се дискутираше за клучните предизвици со кои се соочува Академијата. Беа разгледани решенија кои ќе овозможат подобри просторни услови и проширување на капацитетите во кои ќе се одржуваат обуките на идните судии и обвинители, извести Министерството.

— реклама —

Еден од аспектите за кои се разговараше беше и потребата за оптимизација на роковите за полагање на испити во Академијата со цел да се овозможи нивно побрзо и поефикасно организирање, што ќе им овозможи на идните судии и јавни обвинители побрзо да го завршат процесот и да започнат со работа.

— реклама —

— реклама —

Соработката меѓу Министерството за правда и Академијата ќе продолжи и во наредниот период преку размена на искуства и ресурси со цел да с креираат иновативни програми за обука, кои ќе одговорат на потребите на правосудството, се додава во соопштението на Министерството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања