Новиот министер за здравство Беким Сали побарал лабараториите да ги намалат цените на услугите и вели дека очекува тие позитивно да одговорат.
„Ние инициравме состаноци со сите чинители кои влијаат врз формирање на финалната цена на една услуга и очекуваме позитивно рефлектирање од нивна страна, да имаат разбирање и спремност цените да бидат симнати. Повеќе чинители има во формирање на цената, тоа се увозници, веледрогерии, лаборатории и Фондот за здравство. Во контакт сме со Фондот за здравство и преку нив комуницираме и со лаборатории и со увозници, јас се надевам на позитивно рефлектирање од нивна страна. Секој ден имаме ублажување, односно намалување на бројот на новоинфицирани и на бројот на хоспитализирани пациенти. Ние чисто ги замолуваме нив, бараме од нив да преземат мерки колку што е можно повеќе да ја намалат цената која што е финална кон граѓанинот“, рече министерот Сали.