Промени тема
Контакт

Министерството на Груби гради паралелни безбедносни структури, тврди Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ahmeti-grubi-dui

„Тринаесет нови инспектори од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се префрлени да работат во СВР Тетово - се пофалија од тамошното раководство“, вели Левица.

Тие додаваат:

„Министерството на политички систем или како што го доби епитетот во јавноста, „Министерство за вработување партиски кадри на ДУИ“ непречено ја спроведува својата агенда за ДУИзација на државниот апарат.

— реклама —

Следствено, Министерството на Груби составено од кадри, кои во најмала рака потекнуваат од сомнителни структури, не може да се очекува да го чуваат редот и законот како инспектори во МВР! Овој потег е само уште еден од низата чекори што го потврдува градењето на паралелни (етничко мотивирани) структури во безбедносните служби, кои ја подриваат безбедноста на Републиката.

— реклама —

Истакнуваме дека во исто време, десетина полициски службеници од СВР Тетово кои се од македонска националност, се здобија со распределби далеку од местото на живеење како казна за истакнување на знамето од Кутлеш надвор од службена должност. За казната со која се соочија овие полицајци, немаше никаква реакција од ниту еден државен орган, вклучувајќи го и Омбудсманот, со што класично беа деградирани и полицајците и првото македонско знаме.

Етничката сегрегација на СВР Тетово е противуставна и е против начелата за соживот за кои декларативно се залага премиерот Груби.

— реклама —

Останува нејасно до кога газењето на целокупната државна легислатива од страна на функционерите на ДУИ, класичната злоупотреба на институциите од нивна страна, како и користење на истите како систем на репресија против неистомислениците, ќе биде толерирана од страна на државните институции?“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат нашата позиција

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryscpj1ufrtri04wSSo3H

Левица прифати учество на трибината на „Платформата 12:05“, Мециновиќ објасни зошто

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrqn72k27hqpv5A4I6qH

Остварена средба на Крмов со претставници од Европскиот парламент - дискриминацијата и цензурата на Левица ќе бидат нотирани во европските извештаи

Македонија | пред 3 дена

media-libraryi8ehr32s18d27R3b6pj

Уставен суд без постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања