Твитер заедницата во последните денови постојано коментира за епидемијата на морбили која го зафати Скопје. Голем дел од кментарите кои ги објавуваат се со негативен контекст насочени кон Министерството за здравство.
“Министерството за здравство на Македонија распошало тендер за набавка на вакцини, недела дена пред да прогласи епидемија. Неверојатни се овие паранормални сподобности на здравствените власти”, пишува твитерџиката Јована Стојковиќ.
Откако Венко Филипче повика децата итно да бидат вакцинирани, јавноста реагираше оти тоа е право на избор и никој не може да одлучи за ова прашање освен родителот или старстелот. Вчера во Скопје се одржа и протест против вакцинацијата.