Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Министерството за образование ги забрани екскурзиите кај депонијата со линдан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
pelenica

Мининистерството за животна средина и просторно планирање испратило допис до Министерството за образование и наука да не се организираат екскурзии во Пеленица, Драчево, местото за кое „Мета“ пишуваше дека има сомневање дека се наоѓа необележана депонија со канцерогениот линдан кој потекнува од фабриката ОХИС.

— реклама —

„Во Министерството за образование и наука, стигна допис од МЖСПП по кое ќе постапиме, односно ќе им наложиме на општините како основачи на училиштата, таму да не се одржуваат екскурзии“, велат од МОН за „Мета“.

— реклама —

Министерството за животна средина, вети дека до крајот на годината ќе го огради просторот во Драчево за кој постојат сомневања дека се наоѓа дивата депонија со 8.000 тони токсичен линдан.

— реклама —

Државната секретарка во МЖСПП, Ана Петровска, во разговор за „Мета“ рече дека ќе биде испратено укажување до Министерството за образование и наука во Пеленица да не се организираат ученички екскурзии додека не се утврди опасноста.

-Алармирано е и до владата и до нас како Министерство и во овој момент ќе се преземе акција согласно член 42 од законот за отпад кој што не овластува нас како надлежен орган, пред да се докаже опасноста, бидејќи уште не е докажана, а за да ја докажеме ќе ни треба и време и ресурси, барем да го оградиме просторот за кој што се претпоставува дека е локација. Таа е во ненаселен простор, но е близу некој манастир, каде што деца одат на екскурзија. Со други зборови, ние како орган, до крајот на годината, имаме обврска да го оградиме тој простор и да поставиме одредена табла – рече Петровска.

Линданот на оваа локација потекнува од фабриката ОХИС и таму го фрлале работници пред да се направат големата и малата депонија на територијата на фабриката каде што се проценува дека има помеѓу 40-50.000 тони контаминирана почва со линдан.

Мета

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања