Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Министерството за здравство: Состојбата во Гостивар е стабилна, нема нови случаи на западнонилска треска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
komarec

Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и дека континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

— реклама —

Според информациите од Министерството, во текот на 1 август се регистрирани 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 60 прегледи. Воедно, нема нови хоспитализации.

— реклама —

Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна болест, а изработени се и 734 нови епидемиолошки анкети.

— реклама —

Во однос на западнонилската треска, Министерството информира дека до Институтот за јавно здравје не се пријавени нови лабораториски потврдени случаи.

— реклама —

Од Министерството за здравство посочуваат дека, во координација со Институтот за јавно здравје и другите надлежни институции, продолжуваат внимателно да ја следат состојбата и навремено ќе ја информираат јавноста за сите нови сознанија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 3 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања