Промени тема
Контакт

Минус три во Скопје-Петровец, снежна покривка до 25 сантиметри на Попова Шапка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
popova-sapka

Утрово низ Македонија се измерени ниски температури, со минусни вредности во повеќе делови од земјата. Најстудено било во Скопје-Петровец, каде што се измерени -3 степени, додека -2 степени се регистрирани во Тетово и Маврови Анови. Температура од -1 степен е измерена во Штип и Берово.

— реклама —

Со нула степени утрово биле Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, Кавадарци и Крушево. Во Крива Паланка, Прилеп, Струмица и Велес се измерени 1 степен, додека 2 степени биле регистрирани во Охрид, Претор и Битола. Највисока температура од утринските часови, 3 степени, е измерена во Виница.

— реклама —

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека најниската минимална температура изутринава е регистрирана на Попова Шапка, каде што живата во термометарот се спуштила до -4 степени. Најтопло било во Гевгелија, со измерени 6 степени.

— реклама —

Покрај ниските температури, регистрирана е и снежна покривка во планинските и повисоките места. Највисока снежна покривка изутринава е измерена на Попова Шапка и изнесува 25 сантиметри, додека во Маврови Анови и во Крушево се измерени по 7 сантиметри снег.

Метеоролозите најавуваат дека студеното утро е карактеристично за овој период од годината, а граѓаните се повикуваат на внимателност, особено во сообраќајот и при движење по планинските патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Од -4 утрово до 28 степени преку ден: Голема температурна разлика низ Македонија

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library3ris6de2hrpl08pK26C

Голем пресврт на времето: Арктички студ стигнува на Балканот

Балкан | пред 2 седмици

media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Македонија | пред 3 седмици

soncevo

До 30 степени, но посвежо – засилен северозападен ветер низ Повардарието

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања