„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

„Мириса на смрт, бели дробови се луксуз, деца растат со антибиотици“: Апел на мајка од Скопје против тишината за загадениот воздух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Коментари
zagadeno-skopje-5

Уметницата и мајка од Скопје, Ина Михајлова, преку својот профил на социјалните мрежи јавно и без задршки проговори за, како што ја опиша, ужасната реалност со загадениот воздух во главниот град, испраќајќи силен апел до јавноста да престане со молчењето.

— реклама —

Во објава што предизвика бројни реакции, Михајлова со потресни зборови го опиша секојдневието на семејствата кои живеат во Скопје, нагласувајќи дека децата тука не растат со румени образи, туку со инхалации, сирупи и антибиотици. Таа посочи дека бронхитите што постојано се повторуваат, кашлиците што стануваат нормала и прозорците што не се отвораат ниту преку ден се дел од животот што полека се прифаќа како нешто вообичаено.

„Мириса на смрт“, напиша Михајлова, додавајќи дека секојдневно живее со чувство на вина затоа што сака да го изнесе детето на прошетка, како здравите бели дробови да се привилегија, а не основно право. Според неа, додека граѓаните се гушат, им се сервираат приоритети што немаат никаква врска со реалноста во која живеат.

— реклама —

Во својата порака таа јасно ги дефинира вистинските приоритети: детето да може да истрча без да се закашла, да заспие без инхалатор покрај креветот и да не знае што е антибиотик пред да научи да чита. Михајлова нагласува дека ова не е драма, туку секојдневие за илјадници семејства во Скопје.

Со завршните зборови, таа испрати директен и вознемирувачки апел до општеството, предупредувајќи дека колку повеќе се молчи за загадувањето, толку подлабоко се вдишува отровот што секојдневно го уништува здравјето на граѓаните.

media-libraryq0se0he4i5d31XSU2qK

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_2960

(Фото) Опаѓа загаденоста во Скопје, дел од мерните станици светат и зелено

Скопје | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања