Промени тема
Контакт

Мисајлевски: Ѓорче Петров се дави во долгови, секој еден денар ќе биде утврдено каде бил потрошен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
skopje-gjorce

За жал, денешната конференција за печат морам да ја започнам и да кажам дека општина Ѓорче Петров се дави во долгови. Морам исто така да потенцирам дека ова е за жал наследството кое претходниот градоначалник Александар Наумоски го остави на своите сограѓани, но и дека секој еден денар ќе биде утврдено за која намена бил потрошен и каде, вели Славчо Мисајлевски, советник во советот на Општина Ѓорче Петров

„Морам да истакнам дека како член на Советот на Општина Ѓорче Петров сум загрижен за нормалното функционирање на општината, особено имајќи во предвид дека новото раководство наследи и четири кредити кои треба да се исплаќаат во наредните години.

За жал почитувани ѓорчепетровци, со недомаќинското работење во минатиот мандат денеска Ѓорче Петров е најзадолжената општина во Скопје за изминативе четири години.

— реклама —

Должен сум како советник и претседател на комисијата за финансирање и буџет, да укажам дека се преземени долгови направени од Наумоски и претходното раководство на Ѓорче Петров, и со пресек до крајот на октомври тие се над 104 милиони денари.

— реклама —

Дополнително, следната година како и 2023 година ќе треба да исплаќаме кредити по над 18 милиони денари на годишно ниво. Или со вкупен износ за 2021, 2022, 2023 година, наследивме долг од над 141 милион денари или над 2 милиони евра.

Да бидеме на јасно, парите кои ги должи општина Ѓорче Петров ги враќаме сите ние, жителите на општината. Затоа, ќе чекаме ревизијата да утврди како успеаја Ѓорче Петров да ја направат лидер по долгови во споредба со другите скопски општини.

— реклама —

Во меѓувреме, сакам да ги уверам граѓаните на Ѓорче Петров дека разговарав со градоначалникот Стојкоски и добив уверување дека ќе се направи СЕ, сите проекти кои се предвидени во програмата која ја доби вашата доверба да бидат реализирани и општината да продолжи со исполнување на своите редовни функции во интерес на граѓаните“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања