Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Мисајловски: Македонската историја не може да ја измени никој на светот, Гоце Делчев е Македонец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Screenshot_11-20-696x373

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Што не е јасно?" гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, Владо Мисајловски кој се осврна на лошите политики на Владата во однос на Ковид пандемијата, распродажбата на националните интереси, како и на други политички теми кои се актуелни во изминатиот период.

Според Мисајловски, бугарските политичари можат да кажуваат што сакаат за нивната историја, но не и за македонската историја. Националните интереси не се мала работа, ниту пак е нешто што може да се занемари, едноставно не смее да се попушта за такви прашања.

— реклама —

"Бугарските политичари велат дека Гоце Делчев бил Бугарин. Тоа не само што не е вистина, туку таквото размислување е повеќе од комично. Гоце Делчев е Македонец. Роден како Македонец и загинал како Македонец и точка. Тука нема што повеќе да се додаде. За револуциониери од калибарот на Делчев, Карев, Питу Гули и сите други, никој не смее ниту да разговара, ниту да преговара, ниту да донесува било какви одлуки. Сите тие се Македонци и ништо друго", вели Мисајловски.

— реклама —

Мисајловски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е бедемот на македонизмот и браникот кој секогаш ќе се бори за зачувување на македонската историја. Ниту една Влада, ниту еден политичар нема право да се меша во тие работи. Доволно е што самите револуционери живееле и загинале за Македонија. Тоа е доволен доказ за тоа дека биле горди Македонци, кои ниту својот живот не го жалеле за слобода на својата земја Република Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања