Мисајловски од Куманово: СДСМ не знае да одговори каде им се проектите бидејќи не постојат, граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ тоа што ветува истото го остварува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Misajlovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната листа во Изборна Единица 2, Владо Мисајловски денеска е во посета на Општина Куманово, каде што истакна дека граѓаните се повеќе разочарани бидејќи во Македонија цветаат криминал, корупција, рекети и торби Луј Витон и време е на тоа да се каже доста е и да одговара секој еден што се огрешил.

— реклама —

Мисајловски изјави дека време е еднаш да се смени ова што се случува како во Македонија така и во Куманово кое СДСМ го запостави иако со години го има под своја власт.

- Потребно е едно ново модерно Куманово бидејќи сега тоа е запоставено иако го имаат со децении под нивна контрола. Куманово заслужува многу повеќе, капитални проекти, поголеми плати, овие граѓани заслужуваат подобар живот да останат во Куманово. Во нашата програма има над 1000 проекти, ќе ги поминеме сите населени места, ќе ги слушнеме сите проблеми кои ги има Куманово и  утре заеднички тие проекти заеднички ќе ги браниме во Собрание и новата влада. Ние тоа го можеме, го ветуваме и ќе го направиме, потенцираше Мисајловски

— реклама —

Тој посочи дека СДСМ не знаат да одговорат што направиле, постојано лажат во лице дека нешто е направено, прво беа 500 километри автопат, па 600, за да станат 230 и не знаат да одговорат каде се и тие 230, бидејќи не постојат.

- Ќе ги прашам каде е Клиничкиот центар, бидејќи и за тоа велеа дека е готово во припреми, а да не ги набројувам и другите случаи. Велат дека 95% од програмата е завршена, си поигруваат со нашата интелигенција. Никој не смее повеќе тоа да го дозволи, нагласи Мисајловски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Македонија | пред 1 година

naum-1

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

пред 5 години

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања