Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Мисајловски:Заев да го каже својот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик, доста се крие зад празни флоскули

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
misajlovski

Зоран Заев молчи во врска со изјавите на врни бугарски политичари дека Гоце Делчев е бугарин, а македонскиот јазик дека е лингвистичка форма на бугарскиот. Заев со своето молчење ја понижува македонската нација и распродава нешто што не е негово, туку на народот, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Господине Заев кој е вашиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик и зошто не реагирате на бугарските понижувања на нашата нација?!

— реклама —

Дополнително зошто владата не упати протестна нота до Бугарија, по изјавата на Каракачанов дека ќе испрати армиски полк да ги руши спомениците на македонските револуционери во Скопје?!

— реклама —

Дали господине Заев тргувате со Гоце Делчев и со македонскиот јазик?! И дали потклекнувате пред бугарските закани?!

Вашето виткање на кичма резултира со понижена Македонија.

Ветивте преговори со ЕУ, а ништо од тоа нема. Нема затоа што сте заглавени во криминал. Нема меѓународен извештај кој не сведочи за корумпираноста на владата, и тоа е лошо за државата.

Господине Заев мора да знаете дека Македонија не е вашата фирма од Струмица.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да ја разграбувате државата. Македонија мора да почне преговори со ЕУ. А вие не смеете да ги продавате Гоце Делчев и македонскиот јазик. Доколку тоа го сторите, ВМРО-ДПМНЕ веднаш откако ќе дојде на власт ќе ја поништи таа одлука и договор и никогаш нема да ја почитува.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи разградување на Македонија, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања