Промени тема
Контакт

Митева: Автобуската несреќа ја отвори пандорината кутија во која лежи целата неспособност на СДСМ и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Miteva-02.12

„Во пожарот кој изби во автобусот на „Беса Транс“ на 23 ноември во Бугарија додека се враќаше од Турција трагично настрадаа 45 патници, а со повреди се здобија 7 лица. Ваквата страшна несреќа ја отвори пандорината кутија во која лежи целата неспособност на власта предводена од СДСМ и ДУИ“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека власта се обидува на секој можен начин да ја прикрие вистината, јавноста трага по вистинитоста на случајот. И покрај молкот од власта за сите прашања кои досега ги поставивме, СДСМ и ДУИ се уште се обидуваат вината да си ја префрлат од еден на друг во зависност од тоа кој која институција ја раководи.

— реклама —

Кадарот на ДУИ, Руфат Хусеини како директор на Инспекторатот за транспорт објави дека регистарските таблички на автобусот на Беса Транс не постојат, практично автобусот не е регистриран и така поминал на граничниот премин Деве Баир. Додека Хусеини се чуди и се обидува одговорноста да ја насочи кон МВР и Царина, од таму мудро молчат со надеж дека ќе ги замолчат и граѓаните. Овој автобус минатата година ја поминал границата вкупно 135 пати и дали тоа се случило на истиот начин, нерегистрирано возило успешно да ја минувало границата? Кој го овозможил тоа и за која цел? До кога личниот интерес ќе има примат за сметка на колективниот?

— реклама —

Оваа власт на чело со премиерот во заминување за сите трагедии кои се случија, од несреќата во Ласкарци, пожарот во модуларната болница во Тетово па се до оваа автобуска несреќа функционира на истиот начин. Морална одговорност стана мисловна именка, а за политичка одговорност не ни размислуваат, мудро си ја префрлуваат вината и купуваат време. Автобус кој не бил пријавен во Министерство за транспорт и врски, кој немал лиценца за вршење на меѓународен транспорт, кој не бил регистриран и бил управуван на непостоечки таблички ја поминал границата.

— реклама —

После сите утврдени факти можеме да заклучиме дека целата вина лежи во институциите кои се под раководство на оваа власт, а тие се уште велат дека не се виновни. Неопходно е СДСМ и ДУИ да ги ослободат институциите а со тоа да ја ослободат државата од неспособност. Само така ќе се спречат идни трагедии“, кажа Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања