Согласно информациите со кои што располагаме законот се уште не е стигнат во собраниска процедура и добро е да има јавна дебата за истото и да се слушнат сите засегнати страни. Но, исто така морам да истакнам дека согласно она што го видовме на ЕНЕР образложението е дека со овие реформи власта сака да постигне деполитизација на јавната администрација, но морам да кажам дека мора добро да се погледне законот, станува збор за политизација, а не за деполизитизацијa, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е коментарот во однос на реформите во законот за административни службеници на денешната прес конференција.
Митева додаде дека деполитизација на администрацијата се прави со почитување на мерит системот и вреднување на вработените, а не како до сега по партиска определба што тоа го прави власта.
Доколку една ваква реформа за скратено работно време не значи ништо за деполитизација, бидејќи деполитизација се стекнува со вреднување на вработените, и со вработување по мерит систем, а не по партиска определба како тоа што го прави власта. Но уште еднаш ќе истакнам да почекам законот да влезе во собраниска процедура и да ја слушнеме дебата по истиот, вели Митева.