Митева објави документи за државните пари кои се трошеле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Miteva-29.01.2022

СДСМ нема граница во нивните лаги, а нема граница ни во злоупотребата на јавните функции. Денес уште еднаш ќе ја објавиме вистината која Шилегов и Јанчева се обидуваат да ја премолчат пред јавноста, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Во предновогодишна забава организирана од Јанчева и Шилегов се потрошиле 91.560 денари.

— реклама —

Таа фактура е потпишана од Јанчева, а платена од Град Скопје, од парите на скопјани. И додека СДСМ се обидуваат да ја сокријат вистината преку несоодветни соопштенија, ова се документи, кои ја потврдуваат веродостојноста на тоа што го говорам.

— реклама —

Прво, во овој документ, тоа е службена белешка испратена од секторот за финансии на Град Скопје на 03.02.2020 година до тогашниот градоначалник Шилегов и тогашниот секретар на градот,Викторија Аврамовска Мандиќ и јасно е наведено дека доставената фактура со број 76/19 се однесува за извршени услуги за кои нема склучен договор во 2019 година. Притоа, секторот на финансии укажува дека тоа е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола, да се доставува фактура со архивска дата од претходна година.

Ова е начинот на кои работеле СДСМ, без почитување на Законите кое претставува основа за непочитување на владеењето на правото.

Второ, во овој документ, тоа е Образец за реализирани средства за репрезентација од 31.01.2020 година и јасно се гледа дека Љубица Јанчева,како претседател на Советот на Град Скопје искористила средства за репрезентација по повод предновогодишна забава во вкупен износ од 91.560 денари.

И трето, почитувани граѓани, ова е фискалната сметка од каде се гледа со што се частело друштвото кое било присутно и за да биде уште посрамно, се гледа дека Шилегов тогаш имал посебна сметка на која пишува, цитирам – „специјална нарачка за градоначалник г-дин Шилегов”. Скапи јадења, бифтеци на путер и алкохолни пијалоци барикирани 12 години.

UkdGmWq_PFQ

Почитувани граѓани,

Од ова јасно се гледа на што се трошеле градските пари.

Залудно се труди СДСМ преку бледи соопштенија да ја сокрие вистината и да ја одбегне одговорноста.

ВМРО-ДПМНЕ транспарентно ги објави документите кои се доказ за ова, па ги повикуваме СДСМ, Шилегов и Јанчева да ѝ објаснат на јавноста дали ова бил нивниот начин на работење, прослави и забави на сметка на скопјани“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања