Митева: Шилегов се бетонираше како најнеспособен градоначалник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Miteva-03.07

Шилегов се бетонираше како најнеуспешен градоначалник. Со секој негов изминат ден како градоначалник Скопје, Скопје претрпува нови бламажи. Последниот дострел на неговата неспособност е катастрофалната реконструкција на кејот. Прва фаза беа уништените и исечени зелени појаси во градот, втора фаза се бетонираните дрва на кејот. Откако го исече дрворедот на „Орце Николов“, сега на кејот имаме бетонирани дрва. Срамни и жални беа сликите кои вчера беа објавени. Да не беше силната реакција на скопјани, Петре можеби ќе ги отстранеше и овие дрва со образложение дека се стари и опасни, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

— реклама —

Митева додаде:

— реклама —

Другата страна од приказната е реконструкцијата на кејот која чини 1,5 милиони евра. Уште не e завршена реконструкцијата, но веќе патеката е распукана. Скоро секоја втора плочка е оштетена, а нивната вредност не е ништо поразлична од претходните енормно високи цени на урбаната опрема.

Во месеците пред избори Шилегов нема со што да ја побара повторно довербата од скопјани, па очигледно само му е важно да го раскопа и уништи Скопје, па не го интересира ни скапата цена, ни очигледниот неквалитет.

Но, ќе го вратиме сјајот на Скопје со многу работа и посветеност! Скопје и скопјани заслужуваат да се гордеат со својот град, а не да се срамат како овие четири години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања