Промени тема
Контакт

Митко Чавков бара повторно судење за 27 април: Тоа е инструмент за враќање на довербата во судот!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Коментари
Mitko-Cavkov

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, осуден во случајот „27 април“, излезе со обраќање во кое бара повторно отворање на постапката, оценувајќи дека тоа не е привилегија, туку правен механизам признаен во европската пракса.

„Повторното отворање на постапката не е привилегија. Тоа е европски признат механизам кога постојат сериозни сомневања дека правосилната пресуда е производ на нефер постапка“, наведува Чавков.

— реклама —

Тој потенцира дека целта на ваквата иницијатива не е избегнување на одговорност, туку проверка на правдата според европските стандарди.

„Повторувањето на постапката не е ‘рушење на судот’, туку инструмент за враќање на довербата во судот“, додава Чавков.

— реклама —

Во обраќањето посочува дека правната битка ќе продолжи преку сите расположиви механизми, вклучително и пред меѓународни институции.

— реклама —

Според него, единствено преку транспарентна и фер постапка, во која јавноста има доверба, може да се обнови нарушената доверба во правосудниот систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Mitko-Cavkov

Девет години по 27 април: Чавков бара проверка на постапката и одговорност

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања