Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Митовски: Еколошкиот инцидент во Крива Паланка некој сакаше да го скрие од јавноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
kriva-palanka

По објавата на општината за еколошкиот инцидент во Крива Паланка, сите оние несоодветни реакции на Државниот инспекторат и Министерството за животна средина и сите нивни штури изјави на Фејсбук, јасно укажуваа дека некој имаше намера ова да го скрие од јавноста, рече градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, на гостувањето во дебатата на ТВ24.

Тој се осврна на институционалното непостапување поврзано за случајот со рудникот „Тораница“, еколошкиот инцидент и загадувањето на Крива Река со цијанид и други опасни токсични материи.

— реклама —

- Според резултатите од анализите на водата на Крива Река, вредноста на оловото е зголемена за 10 пати повеќе од дозволеното, а вредноста на цијанид е зголемена за 0,014, од дозволените 0,001. Факт е дека ова некој сакаше да го скрие од јавноста. И по 17 дена сè уште немам добиено официјално соопштение од рудникот „Булмак 2016“ за да ги информира граѓаните на Крива Паланка за што станува збор. Немаше јавно и транспарентно прикажување на сите записници од инспекцискиот наод и ова отвора сомнеж дека некој сака да го скрие. И најверојатно тоа е Државниот инспекторат и Булмак во заедничка корелација. Друго објаснување нема, рече Митовски.

Тој посочи дека неговата одлуката за правење на анализите на водата се заснова единствено врз потребата на заштита на граѓаните.

— реклама —

- Во една таква ситуација, како прв човек на општината, кога гледате дека системот и државните институции не функционираат, неопходно и неминовно беше да застанам во одбрана на моите сограѓани. Во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина беше наведено дека се работи за технолошки води, но без соодветни анализи. И во целата постапка не се земени предвид сите инспекциски методи, а институциите директно излегоа во одбрана и заштита на рудникот Булмак 2016“. Сметаме дека државниот инспекторат е застанат директно во одбрана на приватната компанија, рече Митовски.

Тој рече дека општина ги превзема сите превентивни мерки, со достава на соодветна кривична пријава до ОЈО, до бирото за јавна безбедност каде покрај сите членови од кривичниот записник, ќе се бара и целокупна кривична одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања