„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Михајловски на ФБ: За какво помирување би требало уште да се разговара?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
toni-mihajlovski

Сите што требаа, сакаа, се помирија. Разликите исчезнаа. Нема разлика. Секоја “риба” си отиде во своето “јато”. Да си ја плати киријата, концесијата. Да си го обезбеди сопствениот мир. Многу себично. И дрско, напиша на својот ФБ профил Тони Михајловски.

— реклама —

Во продожение пост на Михајловски во целост:

— реклама —

„Дрско и безобразно затоа што, токму, креаторите и инспираторите на омразата кон Зоран Заев, првиот ешалон од едно не толку далечно време кои смислуваа и аминуваа “кампањи” во кои ќе се прикаже дека Зоран Заев е предавник, криминалец, аболиран, сега велат дека треба да го послушаме и поддржиме самоубиствениот план на Ел Дуче.

Уште поголема перверзија е што Зоран Заев во изминативе 4 години борба за превласт, токму овие ликови ги прозиваше како есенција на злото и криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, па велеше дека ќе ги апси, ќе ги вратат парите, ќе си лежеле и дека живи ќе ги изеде.

И сега, тие и Тој, се заедно. Тоа кажува само едно. И тие и тој биле и во право. Има криминал, и тој е можеби нивниот најмал заеднички содржател.

За вистински да се помириме, сите, треба да има правда, а не одмазда. И да се спроведе таа правда. И да важи за сите. Оти, ако нема правда, точно така, нема мир“. Заврши Михајловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања