На 28.12.2021 во 02.00 часот на Граничниот премин „Табановце“, при извршена контрола било констатирано дека К.Г. од Република Албанија употребил туѓа патна исправа. Извршен бил преглед и претрес на лицето и багажот и било констатирано дека станува збор за К.Г.(26) од Р.Албанија.
Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.