Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Младите брачни парови ќе бидат ослободени од 60 отсто од комуналиите за изградба на дом, најави Ѓорѓиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 27 минути -

Скопје
media-libraryrfj2hjvr9tro05tlaZP
Magnific

Младите брачни парови до 40 години и самохраните родители кои сакаат да изградат сопствен дом ќе бидат ослободени од 60 отсто од комуналиите што му припаѓаат на Град Скопје, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

Мерката ќе важи за изградба на објекти во рамките на Генералниот урбанистички план, а се однесува на делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што е во надлежност на Градот.

Ѓорѓиевски посочи дека мерката претходно била применета во Општина Кисела Вода, а сега се проширува и на ниво на Град Скопје. Тој ги повика и градоначалниците на скопските општини да се приклучат со ослободување од нивниот дел од комуналиите, со што младите семејства би можеле да добијат целосно ослободување од надоместокот.

— реклама —

Според најавата, мерката ќе стапи во сила по објавувањето во службените гласила, а образецот за аплицирање ќе биде достапен на веб-страницата на Град Скопје.

— реклама —

Градоначалникот нагласи дека целта е да се намали финансискиот товар за младите семејства и да им се овозможи полесно да дојдат до сопствен дом.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd2686vnn5ridanozmij

Нова сообраќајна слика за Скопје: Напредува изградбата на клучката „Момин Поток“

Скопје | пред 10 месеци

— реклама —
aleksandar-nikoloski

Николоски: Интерконекторот активно се гради – рок од две години за алтернативен гасен извор

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања