„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нова сообраќајна слика за Скопје: Напредува изградбата на клучката „Момин Поток“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-libraryd2686vnn5ridanozmij

Изградбата на клучката „Момин Поток“, заедно со новиот булевар „Никола Карев“, влегува во интензивна фаза и се одвива со засилена динамика на терен.

— реклама —

Во моментов активно напредуваат работите на атмосферската канализација, која ќе биде поставена во средишното зеленило на булеварот „Никола Карев“, на потегот од реката Серава до раскрсницата со булеварот „Словенија“. Оваа инфраструктура е клучна за правилно одведување на атмосферските води и заштита на коловозот и околното подрачје.

Паралелно со тоа, се работи и на левиот крак од новиот мост на реката Серава. Преку овој мост ќе поминуваат коловозните ленти во правец од раскрсницата со булеварот „Словенија“ кон идната клучка „Момин Поток“, што претставува еден од најважните сегменти на проектот.

— реклама —

За оваа делница конечно се пробива трасата, а во тек е и отстранување на објектите кои се наоѓаат на предвидената траса. Со ова се деблокира целиот процес и се создаваат услови за непречена изградба на новиот булевар, кој треба значително да го растовари сообраќајот и да ја подобри поврзаноста во овој дел од Скопје.

Надлежните очекуваат со завршување на клучката „Момин Поток“ и булеварот „Никола Карев“ да се добие современо сообраќајно решение кое долгорочно ќе го унапреди урбаниот и сообраќајниот развој на градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

aleksandar-nikoloski

Николоски: Интерконекторот активно се гради – рок од две години за алтернативен гасен извор

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања