Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Младите од ВМРО-ДПМНЕ се пошегуваа на сметка на Рашковски па донираа мекици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
20220126152916

Младите од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје донираа мекици за eкс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски кој вчера седна на обвинителна клупа.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ делеше мекици на случајни минувачи. Со овој гест тие се пошегуваа на сметка на Рашковски.

— реклама —

„Сега откако повеќе не е на функција генерален секретар и откога повеќе не дели мекици за своите деца, неговите приходи се сигурно намалени. Затоа прашуваме: Колку мекици се потребни за купување на плацевите во Струмица од илјадници метри квадратни? Колку мекици се потребни за стекнување со имотот во Побожје? Колку мекици се потребни за стекнување со возило олдтајмер марка „доџ“? Колку мекици се потребни за купување на нов луксузен џип „волво“? Колку мекици се потребни за стекнување со нови три мотоцикли, БМВ, хонда и кавасаки“, прашаа младите од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Рашковски вчера изјави дека парите на децата им се заштеда од родендените и од мекиците.

— реклама —

На Рашковски му се суди за случајот „Софтвери“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања