Промени тема
Контакт

МНР: Двајца ученици од Македонија кои престојуваат во Турција повредени од земјотресот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
329522649_909659323362239_2334333959318318744_n

Министерството за надворешни работи преку своите Амбасадата во Анкара и генералниот конзулат во Истанбул внимателно ја следи ситуацијата во југоисточна Турција по силниот земјотрес рано изутринава, и во континуитет известува за состојбата во загрозените подрачја.

„Информациите од теренот упатуваат за исклучително силен земјотрес со големи последици по животите на луѓето затекнати во погодениот регион; голем број жртви кои надминуваат неколку стотици граѓани, голем број повредени лица како и сериозна материјална штета која ја отежнува состојбата на терен.

— реклама —

Нашите претставништва обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и Менторот не е во животна опасност.

— реклама —

Досега нема информација за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција, но нашите претставништва остануваат континуирана комуникација како со надлежните институции на Турција, така и со наши граѓани кои се информираат и кои информираат за состојбите на терен. По инструкција на МНР, дипломат од Амбасадата во Анкара е веќе упатен во регионот за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш, како и да обезбеди информација и присуство директно на терен во најзагрозените делови за евентуални дополнителни интервенции.

— реклама —

Ја користиме приликата уште еднаш да посочиме дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732. “, велат од МНР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања