Промени тема
Контакт

МНР го осудува инцидентот кој се случи на денот на раѓањето на Гоце Делчев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Goce_Delčev_spomenik_u_Skoplju

Министерството за надворешни работи на Република Македонија остро го осудува вандалскиот и немил инцидент кој се случи на денот на обележувањето на 150 годишнината од раѓањето на нашиот најистакнат револуционер Гоце Делчев.

— реклама —

„Министерството за надворешни работи на Република Македонија остро го осудува вандалскиот и немил инцидент кој се случи на денот на обележувањето на 150 годишнината од раѓањето на нашиот најистакнат револуционер Гоце Делчев кој беше извршен од членови на навивачки групи, кои на нецивилизиран начин ги отстрануваа лентите од венците кои беа положени од страна на бугарските официјални претставници за време на оддавањето почит на гробот на Гоце Делчев.

— реклама —
— реклама —

За овој настан, министерството за надворешни работи официјално ја извести Република Бугарија дека надлежните институции на Северна Македонија веќе ги презедоа сите потребни чекори и постапки со цел откривање на сторителите на овој немил инцидент, преку кој се прави обид да се фрли сенка на обележувањето и чествувањето на смртта на Гоце Делчев, на неговиот гроб, но и на угледот на нашата држава и на делегациите од Бугарија кои учествуваа на овој свечен чин на чествување на оваа голема историска личност, значајна за сите нас“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања