Промени тема
Контакт

МНР: Ја следиме состојбата во Казахстан и постојано комуницираме со нашите државјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mnr-5

Министерството за надворешни работи редовно ја следи состојбата во Казахстан и преку нашата Амбасада во Нур – Султан е во постојана комуникација со нашите државјани кои се наоѓаат во земјата. И покрај честиот прекин на интернет и телекомуникациските мрежи, сепак се остварува редовен контакт со нашите државјани, кои се наоѓаат на безбедни локации, велат од МНР.

„Засега само двајца наши државјани се обратиле до амбасадата, поради ситни потреби на чие барање е веднаш одговорено; но, ниту еден од спменатите не се наоѓа во загрозена состојба.

— реклама —

Остануваат во сила препораките упатени до граѓаните на Северна Македонија да не патуваат во Казахстан, а оние кои во моментот се наоѓаат во земјата да не ги напуштаат објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации поради влошената безбедносна состојба.

— реклама —

Дополнително, информираме дека дипломатскиот персонал во нашата Амбасада во Нур-Султан не е загрозен и дека без прекин ги извршува работните задачи.

— реклама —

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи случувањата во Казахстан и ќе излезе со дополнителни препораки за нашите државјани, доколку за тоа се јави потреба“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања