„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

МНР со жалба против медиумите поради навредлив текст за Димитров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dimitrov

МНР ќе поднесе жалби до Советот за етика во медиумите поради текстови со наслов: „Никола Димитров во јуни “си бега“ од земјата на која ѝ го смени името објавени на неколку портали.

— реклама —

-Слободното, непристрасно и објективно медиумско известување претставува еден од клучните столбови на секое демократско општество. Според член 16 од нашиот Устав, основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана.Имајќи ги предвид овие принципи и начела, денес до „Советот за етика во медиумите“ Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија поднесе жалби кои се однесуваат на новинарски текст првично објавен на веб порталот Магазин.мк со наслов „Никола Димитров во јуни “си бега“ од земјата на која ѝ го смени името на 7 мај 2019 година, а врз основа на којшто се објавени текстови со слична содржина на порталите: Инфомакс, Република, Скопје24 и Денешен весник.Посочените текстови се служат со неточно и нефер известување, пристрасност во информирањето, незастапена втора страна, навреда и клевета. Притоа ги прекршуваат основните новинарски начела за одбраната на човековите права, достоинството и слободата, почитувањето на плурализмот на идеите и ставовите. Воедно, таквото известување е во спротивност со низа принципи утврдени во Кодексот на ЗНМ.Подобрувањето на состојбите во сферата на медиумските слободи, справувањето со феноменот на лажни вести и справувањето со говорот на омраза, претставуваат суштински заложби во насока на реализирање на евроатлантската иднина на нашата држава која е во фокусот на работата на Министерството за надворешни работи, се вели во соопштението од МНР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања