Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 часа -

Македонија
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Набавени се 100 товарни возила за Македонска пошта (90 пикапи и 10 комби) за побрза и поефикасна достава. Возилата имаат носивост 750 кг и 1.800 кг и треба да го обноват застарениот возен парк. Николоски истакна дека набавката преку е-аукција е намалена од 130 на 104 милиони денари без ДДВ, со заштеда од 25 милиони денари (над 400.000 евра). Целите се 15% намалување трошоци и 15% подобрување профитабилност, со најави за нов софтвер и современа сортирка.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Набавивме 100 товарни возила за потребите на Македонска пошта од кои 90 се пикапи и 10 комби за да може пошта нормално и без проблеми да ја извршува својата основна функција. Од претпријатие кое претходните Влади сакаа да го приватизираат, нашите цели се да создадеме профитабилна и конкуретна пошта, која ќе понуди најквалитетни услуги на пазарот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на Македонска пошта, Орхан Куртиши, ги промовираа новите возила.

— реклама —

“Драго ми е што после подолго време доаѓаат добри вести за Македонска пошта. Да потсетам, ова беше институција од која што предходната Влада беше откажана. Ова беше институција за која што се спремаа фезибилити студии за продажба и за приватизација. Како резултат на тоа, претходниот Генерален секретар на Владата беше правосилно осуден, а за други се водат судски постапки.

— реклама —

Сега работите се менуваат и времињата се менуваат. Го гледате првиот голем чекор, а тоа е како да подобриме начинот на фунционирање на Пошта. Тој е преку една сериозна поддршка од Владата, каде што се набавени 100 возила, од коишто 90 се мали комерцијални возила или популарно наречени пикапи, а 10 се големи комерцијални возила или комби. Малите возила се со носивост од 750 кг, додека големите се со носивост од 1.800 кг и ќе помогнат многу во забрзувањето на доставувањето на пратките, што е основната дејност на Пошта.

— реклама —

Она што сум особено горд е што од проценета вредност од 130 милиони денари без ДДВ, на електронска аукција цената се намали за цели 25 милиони денари, што значи дека заштедивме некаде над 400.000 евра само при оваа јавна набавка. Финалната цена е 104 милиони денари без ДДВ, што прави да ова е најефтина набавка на овој тип на возила реализирани во државата, некаде просечно доаѓа около 15-16.000 евра по возило, што е далеку најефтино од она што може да се најде на пазарот. Имајќи предвид дека возниот парк на Македонска пошта е застарен, оваа набавка на возила е неопходна и заради извршување на основната дејност на Акционерското друштво, а тоа е давање на универзална поштенска услуга. И нашата цел е во идниот период да го зголемуваме квалитетот, работиме заедно со раководството на Пошта на подобрување на ефикасноста во испораката на услугите и намалување на трошоците за 15 %, како и подобрување на индикаторот за профитабилност за дополнителни 15 %. Во следниот период очекуваме да се набави софтвер за Македонска пошта, како и сортирка која што во регионот воопшто ја немаи ќе значи дека Поштата ќе е најмодерна поштенска институција во целиот регион. Она што исто така е значајно и е за поздравување е дека Македонска пошта, без разлика што пазарот е либерализиран, е единствената институција која што врши универзална услуга,  што значи без разлика дали се работи за најголема пратка или за најмало писмо, кое што од Скопје треба да стигне во најмалото село во Македонија, тоа го прави Пошта и тоа е за поздравување. Тоа не секогаш може да е профитабилно и најчесто не е профитабилно, најголем дел од државите во Европа го имаат решено со субвенции кои што директно Владата ги дава на државните пошти, ние се уште гледаме да Македонска пошта со своите приходи опстојува и работи. Сигурен сум дека со овие инвестиции кои што ги правиме, како и со инвестициите кои што доаѓаат во следниот период, ќе продолжат добро да работат, ќе продолжат добро да функционираат” -изјави вицепремиерот Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh2qmbd26q03v8jnCU1e

Николоски: Проектот Градски воз напредува одлично

Македонија | пред 1 седмица

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-38-7520PM

Цената во Скопје ќе биде над 5.000 евра метар квадратен, ако продолжи да не се носи ДУП, вели Николоски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања