„Моите деца не се должни да го дишат вашиот чад“ – готвачот Виктор Настески во одбрана на законот за пушење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Коментари
media-libraryg89lqmafknodf3i15S2

Готвачот Виктор Настески јавно и недвосмислено застана во одбрана на најавеното законско решение за ограничување на пушењето, нагласувајќи дека тој и неговите деца не се должни да ги трпат последиците од туѓиот избор. Во својот став, Настески реагира на, како што вели, бран реакции исполнети со себичност, во кои дел од пушачите тврдат дека им се кратат правата.

— реклама —

Тој посочува дека пушењето не е уставно загарантирано право, туку лична навика и зависност, и дека секој има слобода да одлучи што ќе прави со сопственото здравје. Но, според него, таа слобода завршува таму каде што започнува здравјето на другите, особено на децата и непушачите.

— реклама —

Настески прави јасна разлика меѓу приватниот и јавниот простор. Во сопствениот дом, вели тој, секој сам носи одговорност за своите постапки и никој нема право да се меша. Но, во ресторан, кафуле или друг јавен објект, никој нема право „да дува во врат“ на другиот додека тој јаде, пие кафе или поминува време со семејството.

— реклама —

„Моите деца не се должни да го трпат вашиот избор и да ме прашуваат зошто им печат очите и зошто мириса неподносливо“, порачува Настески, нагласувајќи дека децата имаат право да дишат воздух, а не тутунски чад, кога ќе седнат во угостителски објект.

Во продолжение, тој наведува дека за пушачите не претставува никаква трагедија да излезат надвор неколку минути за цигара, додавајќи дека угостителите нема да претрпат штета, туку напротив – објектите ќе се наполнат со луѓе на кои им е преку глава од чад и смрдеа. Според него, оној што сака да излезе во град, ќе го направи тоа и со закон и без закон.

Настески потсетува дека сите гости ја плаќаат истата сметка, но не го добиваат истото искуство. Додека едните уживаат во својата навика, другите се гушат и гледаат што побрзо да си заминат. „Моите пари не вредат помалку од вашите за да морам да ја трпам вашата пасија за тутун“, истакнува тој.

На крајот, готвачот порачува дека законот не е насочен против пушачите, туку во корист на сите граѓани, со цел јавните простори конечно да станат места каде што може слободно да се дише. Тој изразува надеж дека најавите нема да останат само на хартија, туку дека навистина ќе се стави крај на, како што ги нарекува, „гасните комори“ во угостителските објекти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryov19f19g8r5l9NfjAEz

(Видео) Запленети тутунски производи без акциза вредни над 1,8 милиони денари

Македонија | пред 1 седмица

pusenje

Гинеколозите бараат предлог-законот за забрана на пушење и никотински производи да се усвои и доследно спроведува

Македонија | пред 1 седмица

cigari

Малите трговци за новиот закон за пушење: Законот може да затвори над 4.000 бизниси

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydieim7043fpd8HcWnGe

Забраните ќе ја поттикнат нелегалната трговија со тутун, велат од Групацијата за производство на цигари

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања