Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

МОК во работна посета на Струмица- Интензивна поддршка за развој и унапредување на локалниот спортски екосистем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
media-librarylt5240sd4hfc6vfRMCr

Делегација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), предводена од претседателот Даниел Димевски, оствари работна посета на Општина Струмица со цел мапирање на состојбите во струмичкиот спорт и воспоставување системска соработка. Во делегацијата беа и генералниот секретар Ѓорѓи Тасев, како и раководителите Петар Спасеновски (Сектор спорт) и Сашо Поповски (Меѓународна соработка).

Централен настан беше работната сесија со локалната спортска фела – тренери, поранешни спортисти, професори по физичко образование и претставници на клубовите. Во исклучително конструктивна атмосфера, отворено се дебатираше за реалните проблеми, при што не изостанаа ниту издржаните критики. Присутните го поздравија проактивниот теренски пристап на МОК како клучен чекор за креирање успешни спортски политики.

— реклама —

Делегацијата оствари средба и со градоначалникот Петар Јанков, кој, придружуван од советникот за спорт Ристо Ристов, ги презентираше актуелните предизвици и амбициозните инфраструктурни проекти кои општината ги планира за наредниот период.

Претседателот на МОК, Даниел Димевски, јасно порача дека поддршката за Струмица нема да биде само декларативна. Беше најавено интензивно вклучување на МОК преку стручна и едукативна помош за спортските кадри, имплементација на програми за идентификација на таленти и јакнење на капацитетите на клубовите.

— реклама —

Оваа средба е силен импулс за создавање одржлив и модерен систем кој ќе генерира нови спортски надежи и ќе го врати сјајот на струмичкиот спорт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynubdc93trf6mdn8nV0s

Фокус на 3x3 кошарка и младински спорт: нова регионална соработка меѓу МОК и ОКС

Спорт | пред 1 месец

— реклама —
media-library4s2tr70g8la5a3VaKSC

МОК: Нема врвен резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови учесници

Спорт | пред 1 месец

media-libraryf5rt9i9lknrkdXytlZG

МОК почестен со посебно признание за придонес кон училишниот спорт

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања