Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Моќниот тајфун Бави ја погоди Кина, евакуирани речиси два милиони луѓе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
kina
Илустрација

Речиси два милиони луѓе се евакуирани во источна Кина откако силниот тајфун Бави стигна до копното, предизвикувајќи прекин на наставата, откажување на стотици летови и сериозни нарушувања во сообраќајот.

— реклама —

Според кинеските власти, тајфунот во саботата навечер прво го погоди крајбрежјето кај градот Тајџоу, а неколку часа подоцна вторпат удри во областа Венџоу. Во провинцијата Жеџијанг се евакуирани повеќе од 1,7 милиони луѓе, додека илјадници жители се евакуирани и во соседните провинции.

— реклама —

Во погодените подрачја се суспендирани наставата, работата и сите активности на отворено, откажани се околу 400 летови и десетици железнички линии. Венџоу, град со околу 10 милиони жители, се најде директно на патот на невремето.

Иако Бави во меѓувреме ослабна од супертaјфун во силна тропска бура, метеоролозите предупредуваат дека и натаму претставува опасност поради огромната количина дожд што ја носи. Се очекува постепено да слабее додека се движи кон северозападниот дел на Кина.

— реклама —

Пред да стигне до Кина, Бави ги зафати јапонските острови и Тајван, каде илјадници домаќинства останаа без електрична енергија, а обилните врнежи создадоа опасност од свлечишта. На Филипините, пак, свлечишта поврзани со невремето однесоа најмалку 17 човечки животи.

— реклама —

Тајфунот првично се формираше како супертaјфун над Пацификот, со ветрови до 290 километри на час, пред постепено да ослаби додека се движеше кон источна Азија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym8ueng8dqo9teutAQAM

(Видео) Најмалку 14 загинати и 25 повредени во пожар во повеќекатна зграда во Кина

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина ѝ се закани на Америка со контрамерки поради санкциите за кинески компании поврзани со Куба

Свет | пред 4 дена

media-libraryv3ckm3kqf3k3aaIP3Zg

Кина реагира на дополнителните давачки за пратките од платформи како „Шејн“ и „Тему“

Свет | пред 6 дена

media-library99b0lnchmgsmaHBtqB6

(Видео) Кинеска компанија ги искористи нередите во Париз за реклама на сигурносно стакло

Вирално | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања