Молк од институциите за скандалот за набавка на средства за следење на комуникациите преку ОТА, загрозена е безбедноста на над 2 милиони граѓани, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

Молк од надлежните институции за скандалот за набавка на средства за следење на комуникациите преку Оперативната техничка агенција, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Владата на СДС и ДУИ злоупотребувајќи ги механизмите за следење на комуникациите сакаат да нарушат националната безбедност и безбедноста на над 2 милиони граѓани.

— реклама —

Овој сомнеж доаѓа откако на 15-тата седница на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите утврди сериозен сомнеж дека Оперативно техничката агенција го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите.

— реклама —

Имено ОТА извршила незаконска набавка на средства за следење на комуникациите, оваа набавка е без соодветно Одобрение предвидено во ставот 2 од истиот член од Законот за следење на комуникациите.

Сомнежот е дека оваа набавка може да биде злоупотребена за нарушување на безбедноста на граѓаните на Република Македонија, како и повреда на човековите права и слободи на граѓаните кои се утврдени во Уставот на државата.

За оваа набавка на ОТА, Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите преку заклучен изгласан на комисијата го извести и Јавниот обвинител.

На повидок е скандал од најголеми размери, и за тоа бараме веднаш и брза постапка од надлежните институции“, се вели во соопштениет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања