Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МОН бара апсурдни услови во тендер за учебници по англиски за да ги исфрли реномираните издавачки куќи и да може веројатно да го додели на фирма блиска на власта, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mon

Министерството за образование и наука стана министерство за скандали и сомнителни тендери. Последниот случај за сомнителент тендер во ова министерство е јавниот повик за учебници на англиски јазик. Имено на овој јавен повик МОН утврдило услови кои се дикриминаторски и кои имаат за цел да ги исфрлат од игра реномирани издавачки куќи како Оксфорд и Пирсон. Тие апсурдни услови дадени неколку дена пред распишувањето на повикот се сосема непотребни ИСО сертификати за кои се чека и по шест месеци, и условот да имаат приходи од 20 милиони денари во трите последни години, а се работи за материјали кои се специјализирани и се продаваат по реални пазарни цени, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Овде смрди на наместен тендер во кој се исфрлаат реномирани издавачки куќи од игра, за веројатно тоа да го добие некоја друга компанија блиска до власта на ДУИ и СДС. МОН измислува услови преку кои може да се исцрта кој ќе го добие тендерот.

— реклама —

Заради матните зделки во ова министерство образованието пропадна. Нема учебници, немаше на време сведителства, нема надгледни средства, хартија и основен материјал за работа во училиштата. Оваа власт на ДУИ и СДС е фрлена во целост на криминал и корупција. Спремни се секој тендер да го наместат, за да заработат некоја пара, па макар тоа значи упропастувење на цел еден систем.

— реклама —

Ова се прави на очиглед на јавноста. Тоа што сега правосудните органи молчат, не значи дека вечно ќе биде така. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања