Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

МОН ги објави листите на примени студенти во студентските домови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
studentski

Министерството за образование информира дека резултатите од Конкурсот за прием на студенти, запишани на додипломски студии, во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2021/2022 година, кои се однесуваат на студентите од втора и повисоките години на студии се објавени и достапни на следниот линк.

Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени.

— реклама —

Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите.

— реклама —

Приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), заклучно со 10 септември.

— реклама —

Аплицирањето за студентите од прва година на студии започнува на 6 септември и трае до 24 септември 2021 година. За бруцошите се предвидени 1.249 места во студентските домови.

Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк.

Студентите кои ги исполнуваат условите пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом.

Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови, останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи сé до пополнување на истите, но најдоцна до 15 ноември годинава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања