„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

МОН најави реформа на учебниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ucebnici

Министерството за образование и наука формираше работна група којашто развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно и средно образование.

— реклама —

Од Министерството велат дека потребата од воведување на целосно нов систем за изработка на наставни материјали е резултат на постојаните реакции од јавноста, родителите/старателите, учениците, но и самите наставници за квалитетот на учебниците, долгите постапки за нивно одобрување, како и честите повлекувања на учебници поради стереотипи, предрасуди, грешки и недоследности.

МОН наведува дека реформата на учебниците ќе се прави во широка консултација, истовремено со реформите за основно образование, а планот е да се воведе од следната учебна година.

— реклама —

Работната група е составена од претставници од Министерството за образование и наука, Педагошката служба, Бирото за развој на образованието како и претставници од меѓународни институции и граѓанскиот сектор.

„Групата веќе работи на анализа на најдобрите искуства и практики од неколку европски, скандинавски и земји од регионот, врз основа на која ќе се изготви целосно нов систем за унапредување на квалитетот на наставата кој подразбира не само употреба на учебници, туку и изработка и употреба на разни видови на наставни и дидактички материјали за наставниците и учениците“, соопштија од МОН.

Од таму велат дека голем број на земји во светот веќе го имаат надминато системот на класична употреба на учебник, поради што учениците своето знаење го стекнуваат преку различни извори на информации и разновидни дигитални алатки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања