Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МОН не размислува за затворање на училиштата, Царовска вели сè уште сме многу пониско од оној пик којшто го имавме во декември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
carovska-780x470

Состојбата во образованието со коронавирусот е апсолутно стабилна и одговорно стојам зад тоа, вели во интервју за РСЕ министерката за образование Мила Царовска. Сега има само 62 ученика на целата територијата на државата и 98 наставници, што е многу пониско од оној пик во декември, вели Царовска, за slobodnaevropa.mk. 

— реклама —

Се согласувам дека реакциите не стивнуваат и јас тоа ќе го земам како комплимент, не како забелешка, поради тоа што кога работите нешто, а тоа треба да доведе до суштински промени важно е да очекувате реакции, зошто ако нема реакции тоа значи дека не правите ништо. Ние како тим во Министерството за образование и наука посветено секој ден работиме да сите оние застанати процеси, забавени реформи кои требало да се случат пред 20 години сега да ги ставиме во еден нормален колосек и да нашата држава со забрзан чекор се приклучи кон стандардите за образование на европските држави. Токму таква е и концепцијата за основно образование којашто целосно е поддржана од целата меѓународна заедница којашто е присутна во нашата држава и која очекува да постигнеме високи стандарди за образование како основа за развој понатаму на државата. И токму затоа оваа концепција којашто ја донесовме сега е во процес на подготовка на програми за нејзина имплементација во прво и во четврто одделение. Со СОНК сме целосно усогласени, морам да истакнам дека тие беа меѓу првите на кои им ја презентиравме концепцијата, вели министерката.

— реклама —

На прашањето дали се размислува да се затворат училиштата за учениците коишто посетуваат настава со физичко присуство со оглед на тоа што расте бројот на заболени од коронавирус, а имаше и случаи на заразени ученици и наставници во некои училишта, министерката вели:

— реклама —

-Состојбата во образованието со коронавирусот е апсолутно стабилна и одговорно стојам зад тоа, поради тоа што 3 декември беше најголемиот пик во првото полугодие и тогаш имавме 168 наставници и 88 ученици. Сега имаме само 62 ученика на целата територијата на државата и 98 наставници, што значи дека сè уште сме многу пониско од оној пик којшто го имавме во декември, а да не зборувам дека тоа е помалку од 1 процент од вкупниот број на наставници и 0,06 отсто од учениците.

Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања