Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

МОН: Нови наставни програми за првачињата – основа и поттик за креативен пристап во наставата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dezinfekcija-vo-skolo-1-800x533

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми за прво одделение, како прв чекор во рамки на планот за конкретизирање на имплементацијата на новата Концепција за основно образование со која се предвидува значителна модернизација на базата на националниот образовен систем. Програмите се објавени на следниот  линк.

— реклама —

Како што е наведено во денешното соопштение на МОН, наставните програми се изработувани од страна на работни групи во кои покрај советниците на БРО, учествуваа и универзитетски професори и практичари – наставници од основно образование одбрани преку јавен оглас, а во текот на целиот процес беа консултирани и бројни експерти од повеќе области на коишто се темели новата Концепција: родовата еднаквост, инклузивноста и мултикултурализмот, како и за заштитата на животната средина, почитување и заштита на правата и слично.

– За прв пат во нашата земја се изработија наставни програми врз основа на Национални стандарди базирани на компетенции и истите се фокусираат на резултати од учењето. Прецизно е дефинирано какви компетенции (знаења, способности, вештини и ставови) се очекува да стекнат учениците за време на основното образование, а наставникот добива целосна автономија да ја прилагодува наставата кон одделни ученици или групи за целосно постигнување на очекувањата и потенцијалот на секој еден ученик, стои во соопштението од МОН.

— реклама —

Суштински значајно, како што посочуваат од МОН, е што наставните програми ќе обезбедат поголема видливост на интеграцијата, односно ќе овозможат реализација на сродни теми од различни наставни предмети во текот на исто одделение, со цел да се синтетизираат различни перспективи за предметот секаде каде што е можно, преку одредени можни содржини и активности за нивна реализација. На овој начин, учениците полесно ќе ја разбираат и совладуваат наставната материја. Фокусот е ставен на учење со разбирање кое помага во развој на критичкото мислење и креативноста, наместо досегашното фактографско учење и меморирање податоци.

Од МОН потенцираат дека со новите наставни програми предност се дава на формативното, наспроти сумативното оценување што подразбира дека постигањата на учениците ќе се следат на дневна основа, наместо само да се организираат тестирања на крајот на одредени периоди – тримесечје или полугодие.

Работните групи во Бирото за развој на образованието, како што стои во соопштението, продолжуваат со креирање на наставните програми и за другите одделенија на основното образование со единствена цел да бидат создадени стручни документи коишто ќе бидат основа и поттик на наставниците за еден поинаков пристап во наставата и образување на нови отворени, компетентни и демократски генерации.

Во меѓувреме, како што велат од МОН, за начинот на примена на новите наставни програми за прво одделение ќе се организираат обуки за наставниците, преку три модули во текот на мај, јуни и август.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања