Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МОН со поддршка од Македонски Телеком етапно ќе воведува дигитални свидетелства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarym8edb6q3iva0cNv5bEj

Министерството за образование и наука информираше дека од крајот на тековната учебна година учениците од прво до трето одделение, покрај хартиените, за првпат ќе добијат и дигитални свидетелства.

— реклама —

Од МОН велат дека станува збор за дел од процесот на дигитализација и модернизација на образованието, реализиран со поддршка од Македонски Телеком.

— реклама —

Министерката Весна Јаневска изјави дека дигиталните свидетелства ќе имаат иста важност како и хартиените документи и постепено ќе ги заменуваат, со што ќе се олесни административната работа во училиштата и ќе се намалат трошоците за печатење.

Како дел од проектот, Македонски Телеком донирал електронски потписи за сите 368 основни училишта во државата, што ќе овозможи побрзо и поефикасно издавање на дигиталните документи.

— реклама —

Од компанијата посочуваат дека дигитализацијата на образованието е една од најважните инвестиции за иднината на државата и дека ќе продолжат да ги поддржуваат процесите за модернизација на образовниот систем.

— реклама —

Со воведувањето на дигиталните свидетелства, учениците и нивните семејства ќе имаат полесен пристап до документите, додека училиштата ќе добијат трајна електронска архива. Во наредните години, системот постепено ќе се проширува и за учениците од повисоките одделенија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya8guuj5akr2v6YEziVE

Македонија и Јапонија ги продлабочуваат образовната и научната соработка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Македонија го одбележува Светскиот ден на науката со рекордни 773 милиони денари за наука

Македонија | пред 4 дена

media-libraryria5t511mpil7l7HRNL

МОН отвори конкурс за студентски стипендии, пријавувањето трае до 20 ноември

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryr2ubmeo57qe490vh2Zz

Програмата за сеопфатно сексуално образование повторно е воведена, но под името – „Здравје и заштита на здравјето“.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања