„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Моника Сандри : Пандемијата не го сопре движењето на бегалците, тие можат да дадат придонес во земјата доколку постои солидарност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Кога еден човек со своите деца се соочува со ризик од смрт или прогон, не постојат ѕидови или пандемии што можат да го одвратат од обидот да најде безбедност. Пандемијата не го сопре движењето, а не го сопреа ниту ограничувањата. Бегалците и барателите на азил можат да дадат придонес кон одржливиот развој на земјата, доколку постои солидарност и системот го дозволува тоа. Тие се луѓе како вас и мене, посочува во интервју за МИА претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации УНХЦР, Моника Сандри.

— реклама —

Таа во интервјуто по повод Светскиот ден на бегалците, посочува дека постои зголемен број на лица кои се принудени да ги напуштат своите домови.

– Постои зголемување од 4 проценти на бројот на луѓе кои се принудени да ги напуштат своите домови, со што вкупниот број е зголемен од 79,5 милиони на крајот на 2019 година и на 82,4 милиони луѓе на крајот на 2020 година, вели претставничката на УНХЦР.

— реклама —

Податоците укажуваат дека и покрај пандемијата, движењето во светот не запре.

Според Моника Сандри, движењето не запре бидејќи во светот не престанаа војните, конфликтите, прогоните и прекршувањата на човековите права.

Таа информира дека лани во државата имало 211 апликации за азил, додека пак бројот за оваа година досега – до крајот на мај е 25.

Во време на пандемија, посочува претставничката на УНХЦР, во Северна Македонија, властите брзо воспоставија мерки како медицински тестови, привремен карантин по пристигнување и интервјуа на далечина и како резултат на тоа, луѓето на кои им беше потребна заштита можеа да поднесат барање за азил.

– За да се овозможи инклузија на бегалците, УНХЦР ја поддржува државата во подобрувањето на квалитетот на азилот, градење на систем за влез заснован на начелото на заштита, искоренување на бездржавјанството, подобрување на законската рамка и нејзиното спроведување, како и зајакнување на подготвеноста и одговор со цел да се спречат кризи, вели Сандри за МИА.

Во моментов има 22 баратели на азил сместени во Центарот за баратели на азил во Визбегово. Центарот, како што посочува претставничката на УНХЦР, ги нуди сите услуги на кои барателите на азил имаат право, а услугите ги обезбедува персонал кој има долгогодишно искуство во работа со бегалци.

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања