Промени тема
Контакт

„Монолит шоуто“ првпат во Македонија, тоа е разликата од претходните настапи на Дејвид Гета и концертот на 8 септември, објасни Климовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryoj7u3cmif944ejXpqjD

На денешната прес-конференција на директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, новинар го праша директорот на Државна лотарија зошто настапот на Дејвид Гета се претставува како настан без преседан во Македонија, потсетувајќи дека светски познати музички имиња настапувале во Скопје и во минатото.

— реклама —

Тој посочи дека Дејвид Гета настапувал во „Метрополис арена“ во 2010 година, како и во 2016 година, а меѓу светските имиња што гостувале во Скопје ги наведе Реј Чарлс, Џон Стоун, Силвија Перез и „Дип Парпл“.

— реклама —

Новинарот оцени дека со претставувањето на актуелниот настан како нешто невидено досега се потценува јавноста и побара објаснување од директорот.

Одговарајќи на прашањето, директорот рече дека разликата е во продукцијата, односно во таканареченото „Монолит шоу“, кое, според него, досега не било донесено во Скопје.

— реклама —

Тој објасни дека станува збор за многу повеќе од настап на диџеј, бидејќи за реализацијата на шоуто бил ангажиран голем тим и била донесена обемна опрема со десетици шлепери, за настапот да се одржи на стадион.

„Тоа е голема разлика помеѓу настап на еден диџеј и носење на цел тим со 50-60 шлепери, за граѓаните да го видат ‘Монолит шоуто’ на стадион“, одговори директорот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8brnkjgsltbm8vvTnxy

Хонорарите на изведувачите кои настапија на концертите за 8 Септември остануваат тајна, Климовски се повика на доверливоста на договорите

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryjtfuchggh7oq93jn4y3

По недостигот од 80 милиони денари од Државна лотарија, Климовски најави проверки за 2023 и 2022 година

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања