Промени тема
Контакт

По недостигот од 80 милиони денари од Државна лотарија, Климовски најави проверки за 2023 и 2022 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
media-libraryjtfuchggh7oq93jn4y3

Прашањето за недостигот од 80 милиони денари од сметката на Државна лотарија беше упатено до директорот Александар Климовски, кој објасни дека случајот бил утврден при ревизијата за 2024 година, а во следниот период ќе се проверува и работењето во претходните години.

— реклама —

На прашањето кога последен пат била спроведена независна ревизија на дневните уплати, прометот и целокупното работење, Климовски одговори дека Државниот завод за ревизија го утврдил случајот при проверката за 2024 година. Тој најави дека ќе следуваат проверки и за 2023 година, а можно е да се испита и работењето во 2022 година за да се утврди дали недостигаат средства и за тие периоди.

— реклама —

Климовски посочи дека веднаш по преземањето на функцијата генерален директор се обратил до Државниот завод за ревизија, имајќи ја предвид обемноста на материјалот поврзан со работењето на институцијата.

— реклама —

Тој додаде дека уште пред објавувањето на конечниот ревизорски извештај добил индикации за можни неправилности и одлив на пари, по што била алармирана Финансиската полиција.

„Случајот е утврден од страна на Државниот завод за ревизија кога дојде за 2024 година. Сега ќе следи истрага за 2023 година, да видиме колку пари фалат и за 2023 година. Може и за 2022 да видиме колку фалат“, изјави Климовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8brnkjgsltbm8vvTnxy

Хонорарите на изведувачите кои настапија на концертите за 8 Септември остануваат тајна, Климовски се повика на доверливоста на договорите

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryoj7u3cmif944ejXpqjD

„Монолит шоуто“ првпат во Македонија, тоа е разликата од претходните настапи на Дејвид Гета и концертот на 8 септември, објасни Климовски

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања