„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Морале да го бакнуваат и да му седнуваат во скут, по скандалозните аудо снимки за Фатмир Дехари: „Тој е срам за сите жени во Македонија“, реагира Ангелова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarygsh79dl02ng9fHtnOUf
ФБ

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, денеска на прес-конференција остро го осуди однесувањето на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, по објавените аудио снимки во јавноста, на кои, како што вели, се слуша како тој ги малтретира и понижува вработените жени во општината.

— реклама —

Ангелова изјави дека наместо да ја користи функцијата за добробит на граѓаните, Дехари „се изживува врз вработените“ и на снимките покажува „понижувачки однос кон секоја жена“.

„Ова не е само навреда кон жените во општина Кичево, туку и кон сите жени во Македонија – без разлика на етничката или верската припадност. Ова е срам за целиот наш мултиетнички мозаик и за секое семејство што воспитува ќерки со почит, труд и достоинство,“ рече Ангелова.

— реклама —

Таа додаде дека од снимките се слуша како вработени во општината биле принудувани да го бакнуваат градоначалникот и да му седнуваат во скут, што го оцени како „скандалозно и недозволиво изживување“.

„Ваквото однесување не е дел од ниту една култура, вера или традиција – тоа е срам што мора да биде осуден од сите. Зарем до тој степен е падната ДУИ, да води кампања за вакви луѓе?“, праша Ангелова.

Таа оцени дека Дехари „се има заиграно со политиката и градоначалничката позиција“, и побара тој веднаш да поднесе неотповиклива оставка и да се повлече од политиката.

Во своето обраќање, пратеничката побара реакција од сите институции и организации за заштита на жените, како и од самата Демократска унија за интеграција.

„Дали жените од ДУИ ќе реагираат? Дали Комисијата за заштита од дискриминација ќе отвори случај? Дали Али Ахмети ќе го толерира својот миленик кој се изживува со жените вработени во општината?“ – запраша Ангелова, додавајќи дека ваквото однесување не смее да помине без широка општествена осуда.

„Ова не е 18 или 19 век. Жените не се робинки или сопственост на некого. Тие се нечии мајки, ќерки, жени, деца. Ниту тие, ниту нивните семејства го заслужуваат ова,“ порача Ангелова, повикувајќи ги сите партии, институции и Јавното обвинителство за организиран криминал да реагираат и да дадат став за случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryoj3eosl9l6kcelO07AK

Општина Кичево: Поплавите се последица на неодговорно фрлање шут во речното корито

Македонија | пред 4 дена

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Водата во Кичево е повторно безбедна за пиење

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryms1oiedj0j4mdX7D9Lc

Јовановски повикува граѓаните да ги пријават штетите од поплавите во Кичево

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryu4q9kdoalc6i6U5RLst

АРМ обезбеди мобилна бања за лицата погодени од поплавите во Кичево

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања