Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Морска трагедија во Грција: Потонал чамец со 38 мигранти, четворица загинати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
grcija-migranti

Четири лица, меѓу кои и едно дете, се удавија откако нивниот чамец потонал во близина на грчкиот остров Лезбос, во Егејското Море, недалеку од турскиот брег, соопшти грчката крајбрежна стража.

— реклама —

Патролен брод извлекол од морето тела на две жени, еден маж и едно девојче, а полупотонатиот чамец бил пронајден во близина на карпестиот дел од брегот на островот.

— реклама —
— реклама —

Триесет и четворица патници успеале да допливаат до брегот, каде што биле пронајдени од полицијата. Потрагата по преживеани е прекината, откако мигрантите изјавиле дека во чамецот имало вкупно 38 лица, што значи дека нема исчезнати.

— реклама —

Грчките власти не открија од кои земји потекнуваат мигрантите. Лезбос е една од главните влезни точки во Европската унија за бегалци од Блискиот Исток, Африка и Азија. Многумина се обидуваат да ја преминат опасната морска рута од Турција до грчките острови во мали и несоодветни чамци, што често завршува со трагичен исход.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 2 дена

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања