Промени тема
Контакт

Мостот кај Долни Балван е попуштен, вели Паунов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
viktorpaunov19122021

Поради зголемениот водотек на реката Брегалница кај село Долни Балван се случи попуштање на мостот, односно еден од столбовите е видно попуштен, вели Виктор Паунов, градоначалник на Општина Карбинци.

„Она кое што можеме да го констатираме на лице место е дека истиот ден преземавме активности за отстранување на паднатите дрвја кои што ги донела реката со сопствени ресурси, и навистина со маки како општина Карбинци и ЈП Плачковица сами ги отстранивме.

— реклама —
— реклама —

Она што интервениравме и се обидовме да ги известиме ЦУК и Противпожарната подрачна единица, но од таа страна немавме никаква интервенција и помош. Она што на крај резултираше е што се успешно се заврши отстранувањето и навистина со помош на сопствената механизација и сопствените ресурси на ЈКП Плачковица.

— реклама —

Во однос на мостот веќе го правиме оној увид и за краток период ќе го добиеме извештајот од што е навистина предизвикана штетата, дали е само од овие наноси или е од некоја друга природа и во следна фаза ќе преземеме иницијатива за итно проектирање за санација на мостот и обезбедување на средства за реализација на истиот“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања