Мостот кај „Ист гејт“ ќе биде затворен, никој не знае какви инсталации има, посочи Ангелов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
346098605_973465817002829_392885957701010249_n

Мостот „Беласица“ кај железничката станица во Скопје ќе биде затворен целосно за пешаци и за моторни возила сè додека не се санираат штетите од пожарот, кој го зафати долниот дел од мостот, кој ги поврзува „Веро Џамбо“ и трговскиот центар „Ист егјт мол“. Ова го изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, и посочи дека постои опасност од одронување бетонски парчиња, со кои е премачкан мостот.

— реклама —

„Пожарникарите излегле веднаш, но не смееле да гаснат затоа што немале информации какви инсталации минуваат под мостот. Заклучокот беше дека има само една електрична инсталација со која се напојуваат светилките на мостот, а во средината на мостот минува цевка со дијаметар од еден метар низ која минува топла вода за парното во Скопје. Благодарение на нивната акција околу два часот пожарот беше ставен под контрола, а околу 4 часот беше целосно изгаснат“, вели Ангелов.

— реклама —

Мостот кај „Ист гејт“ ќе биде затворен, постои опасност по пожарот, посочи Ангелов.

— реклама —

Тој верува дека мостот ќе биде отворен по неговата санација доколку таа е можна.

„Штетата ќе биде дополнително утврдена, а тие информации ќе ги има Град Скопје. Забрането е движење на пешаците под самиот мост затоа што постои можност од паѓање бетонски парчиња. Една од можностите за причините е спој на електричните кабли, а втората можност е човечки фактор, но за тоа треба да се произнесе МВР“, изјави Ангелов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања